26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Русите убија шест цивили при гранатирање на град

Во руското гранатирање на градот Костијантинивка во источна Украина во неделата наутро загинаа шест цивили, а уште осум беа ранети, изјави висок украински функционер.

Градот Костјантинивка, дом на околу 70.000 луѓе пред војната, се наоѓа на 20 километри западно од Бахмут, центарот на борбите што траат најмалку осум месеци додека руските сили се обидуваат да го заземат градот.
„Русите силно го гранатираа градот Костијантивка“, рече Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тврди дека во гранатирањето биле оштетени 16 станбени згради, осум приватни куќи, детска градинка и една управна зграда.

Јермак прикачи и фотографии на кои се гледаат делумно уништени згради и кратери од експлозиите.