25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во кафуле во Санкт Петербург – загинат познат руски воен блогер, 16 повредени

Едно лице загина, а 16 се повредени во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, јавуваат руските медиуми.

На местото на настанот излегле 13 екипи на Брза помош.

Загинат е познатиот руски воен блогер, Владлен Татарски, пренесува ТАСС, повикувајќи се на информации од итната помош.

Според локалното издание „Фонтанка“, тој бил познат меѓу членовите и симпатизерите на приватната војска „Вагнер“ на Евгениј Пригожин.

Би-би-си пишува дека загинат е воен блогер кој известувал за борбите во Украина, а според информациите неговите воени анализи на „Телеграм“ ги следеле повеќе од 450.000 луѓе.

Други детали се очекуваат за подоцна.