25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Целта ни е да го обновиме јужниот регион погоден од земјотресите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ќе биде обновен јужниот регион на Турција кој на 6 февруари го погодија силни земјотреси, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

„Нашата цел е да ги обновиме нашите градови во зоната на земјотресот со предавање на 319.000 станбени единици и куќи во селата на сопствениците во рок од една година“, рече Ердоган на церемонијата на поставување на темелите во областа Елазиг погодена од земјотресот.

Ердоган рече дека Турција ќе ги избрише трагите од уништувањето предизвикано од катастрофата и ќе се подготви за можни катастрофи во иднина.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмараш.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси, како и многу во северна Сирија.