18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Страшна сообраќајна несреќа во Белгија: фудбалер со 200 километри на час излета од патот и се заби во спортска сала

Мароканскиот фудбалер Софијан Кијине (25) доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лиеж, Белгија, кога со автомобилот буквално влета во спортска сала. Играчот на Леувен е повреден и пренесен во болница, но неговиот живот не е во опасност. Возејќи со голема брзина, наводно околу 200 километри на час, Кијине изгубил контрола над своето возило и удрил во тротоарот во кружен тек, го прелетал патот и буквално влетал во соседната сала.

На видеото кое се шири на социјалните мрежи може да се види како автомобилот на фудбалерот „лета“, удира во спортската сала и остава огромна дупка во зградата.

Белгискиот играч од средниот ред на Леувен е повреден и пренесен во болница, но неговиот живот не е во животна опасност, а за среќа нема и други повредени.

Спортската сала „Луј Мелин“ е дом на клубовите за мини фудбал, кошарка и гимнастика, а сега веќе некое време нема да може да се користи.

„Софијан Кијине е пренесен во итната медицинска помош во најблиската болница каде што се вршат дополнителни прегледи, но неговиот живот не е во опасност. За среќа, во несреќата не учествувале други возила или лица. Од клубот се чекаат повеќе детали за точните околности како дошло до несреќата пред понатамошен одговор“, велат од клубот.

Спонзорирано: