23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Меѓународната заедница стравува од нова хуманитарна катастрофа во Бахмут

Крвавата битка за украинскиот град Бахмут наскоро би можела да стане уште поразорна. Имено, руската паравоена формација Вагнер, која е на првите борбени линии во битката за овој град, влегла во фабриката Азом, каде според нивните тврдења се наоѓаат украински борци.

Овој развој на настаните потсетува на окупацијата на фабриката за челик Азовстал во пристанишниот град Мариупол, каде што украинските војници поминаа низ вистински пекол за време на 82 дена заробеништво.

Имено, според тврдењата на Вагнерците кои упаднале во фабриката, тие случајно го нашле патот до неа, поради што украинските војници ги чекале целосно неподготвени.

„Се обидовме да најдеме пат до фабриката, а потоа го открив овој премин. Влеговме незабележано, не промаши украинскиот стрелец. Слушнав како непријателската група зборува зад ѕидот“, изјави командантот на јуришот за руските медиуми.

Засега не се знае точно колку украински војници се заробени во фабриката, ниту како се постапува со нив.

Сепак, се очекува дека Украинците ќе се обидат да го вратат Бахмут, што го потврдува и изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Имено, лидерот на Украина рече дека загубата на Бахмут ќе направи украинското општество да се чувствува уморно, додека на Русија ќе и овозможи „да ја продаде оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран“.

„Ако почувствува малку крв – мириса дека сме слаби – Путин ќе притисне, ќе притисне и ќе притисне“, рече Зеленски.

Исто како и Азовстал, Азом е огромна фабрика која се смета за еден од најголемите капацитети за производство на обоени метали на територијата на целиот Советски Сојуз. Второ, сценариото е исто така речиси идентично. Имено, руските војници на прилично сличен начин ја окупирале челичарницата во Маријупол.

Имено, оваа фабрика беше една од првите руски цели на територијата. По окупацијата, Русите практично ги „отсекоа“ борците на баталјонот Азов, кои беа во него, од остатокот на светот. Се претпоставува дека Вагнер сега ќе го направи истото.

Покрај тоа, со освојувањето на Мариупол, руските сили формираа копнен коридор до регионот на Донбас, кој се состои од самопрогласените Доњецк и Луганск, кои се под руска контрола.

Истото би можело да се направи и сега – падот на Бахмут може да дозволи навлегување во Краматорск и Славјанск, два украински града кои некогаш беа под руска контрола, но Киев успеа да ги врати.

Меѓутоа, она од што стравува меѓународната заедница е повторување на хуманитарната катастрофа од Мариупол.

Имено, тогаш руските сили по еден месец успеаја да го опколат градот, што практично ја оневозможи испораката на хуманитарна помош. Оние кои успеале да побегнат велат дека жителите на Мариупол немаат храна, вода, ниту основни потреби.

Спонзорирано: