Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Голем пожар во радовишко: Изгореа куќа, плевна, гаража, комбајн, камион и механизација…

На 30.03.2023 година во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.А. (77) од село Злеово, радовишко, во кој биле опожарени куќа, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација и алати.

Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и увидна екипа од ОВР Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК