26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Поразителни податоци: Илјадници деца умираат секој ден поради загадена вода за пиење

Контаминираната вода за пиење и недостатокот на санитарна инфраструктура ги загрозуваат животите на децата ширум светот, според детската агенција на ОН УНИЦЕФ.

Секој ден, повеќе од илјада деца на возраст под пет години ширум светот умираат од болести предизвикани од загадена вода, недостаток на санитарни услови и лоша хигиена, објави УНИЦЕФ во понеделник, 20 март во Њујорк.

Ситуацијата е најсериозна во земјите од Западна и Централна Африка, како што се Бенин, Буркина Фасо, Камерун, Чад, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Мали, Нигер, Нигерија и Сомалија.

Многу од овие земји страдаат од нестабилност и вооружени конфликти, што дополнително го отежнува пристапот на децата до чиста вода и канализација.

Среда е Светски ден на водата, а на тој ден во Њујорк започнува конференцијата на ОН за вода. Целта е да се разгледа степенот до кој може да се постигнат меѓународно договорените цели, вклучително и Целта за одржлив развој на ОН за пристап до чиста вода за сите до 2030 година.

Според податоците на ОН, дури две милијарди луѓе во светот или секој четврти жител не може да смета на чиста вода.