5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доналд Трамп очекува да биде „уапсен“ во вторник поради наводно плаќање пари на порно ѕвезда

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да биде „уапсен“ во вторник поради „пари за замолчување“ наводно исплатени на порно ѕвезда пред изборите во 2016 година, повикувајќи ги своите поддржувачи на протести.

Цитирајќи „протекување“ од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Трамп во саботата наутро на својата платформа Truth Social напиша: „Водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите Американски Држави ќе биде уапсен во вторник следната недела. Протестирајте, вратете ја нашата нација назад !”.

Истрагата е фокусирана на 130.000 долари платени недели пред изборите во 2016 година за да се спречи Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, да излезе во јавноста со аферата за која вели дека имала со Трамп години порано.

Обвинителите размислуваат дали да го обвинат Трамп во случајот, а се шпекулира дека е можно покренување обвинение.

Ако окружниот обвинител на Менхетен покрене обвинение против Трамп, 76-годишникот ќе стане првиот поранешен претседател обвинет за кривично дело. Тоа, исто така, ќе ја промени неговата кандидатура да ја добие републиканската номинација на претседателските избори во 2024 година.