20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Велика Британија денеска ја објавува забраната за „Тик-ток“ на владините телефони

Велика Британија денеска ќе објави забрана за „Тик-ток“ на официјалните телефони на владините претставници, по другите западни земји кои веќе ја забранија видео апликацијата во кинеска сопственост од безбедносни причини, објави „Ројтерс“, цитирајќи британски медиуми.

Министерот за безбедност на Обединетото Кралство Том Тугенхут побара од Националниот центар за сајбер безбедност (NCSC) да ја истражи кинеската апликација откако владите ширум светот почнаа да ја забрануваат нејзината употреба на официјалните телефони.

Се очекува британската влада денеска да даде изјава во врска со безбедноста на своите уреди, објави „ПА Медија“.

„Тик-ток“ е на удар на властите во неколку земји поради стравувањата дека корисничките податоци од апликацијата, во сопственост на кинеската компанија „Бајт Денс“ , би можеле да завршат во рацете на властите во Пекинг, што може да ги поткопа безбедносните интереси на Западот.

На прашањето за потенцијална забрана на „Тик-ток“, министерот Тугендхат претходно оваа недела рече дека разбирањето на предизвиците што ги претставува апликацијата е неверојатно важно.

Компанијата „Бајт Денс“ за Ројтерс денеска изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побарала да се откаже од својот удел во популарната видео апликација или да се соочи со можна забрана во САД.