Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Шукова: Пречистителната станица во Југохром мора да биде во функција. Трошоците за нејзино функционирање ги покриваме од Буџетот

Денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со вработените на пречистителната станица за намалување на загадувањето со шествалентен хром во Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце – во стечај.

Состанокот беше инициран од страна на вработените од Југохром – во стечај, заради проблеми со исплатата на месечните приходи, побарување на дополнителни средства за дежурства во неработните денови, како и обезбедување дополнителна заштитна опрема.

Пречистителната станица е објект под сопственост на Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, а луѓето што се грижат за нејзиното функционирање се вработени во компанијата. Од причина што оваа инсталација моментално е под стечај и не работи, а прочистувањето на водите што се излеваат од депонијата е од витално значење за заштитата на животната средина и подземните води од шестовалентниот хром, Министерството за животна средина и просторно планирање ја презема обврската да ги плаќа надоместоците за месечните плати на луѓето што оперираат со пречистителната станица како и за хемикалиите кои треба да се набавуваат односно трошоците за одржување на пречистителната станица.

На состанокот Министерката информираше дека за барањата на вработените веќе е разговарано со стечајниот управител и истите ќе бидат исполнети со новиот Договор што ќе го потпише МЖСПП со стечајниот управител, односно ќе се обезбеди редовно исплаќање на платите, решен е проблемот со здравственото осигурување, а Министерството ќе направен напор да ја обезбеди заштитната опрема за вработените. Според Шукова, свесни за важноста на работата на пречистителната станица, останува да се следи состојбата со стечајната постапка, од која ќе зависи иднината на вработени.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе