5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тринаесетгодишно девојче било силувано од татка си, брата си и од семеен пријател, мајката знаела и молчела

Тринаесетгодишно девојче од областа Фејер во Унгарија било силувано од својот татко, братот и од семеен пријател.

Според информациите на Основното обвинителство во Ѓер, детето сè и пријавило на мајката, која не презела ништо, објави унгарскиот портал 24.hu.

Мајката на девојчето е приведена поради загрозување малолетник и ѝ е изречена условна затворска казна, а таткото доби петгодишна затворска казна за сексуална злоупотреба, јавуваат медиумите.

Братот на девојчето е осуден на девет години затвор за кривично дело сексуално насилство, а семејниот пријател е осуден на 13 години затвор.

На осудените лица им било трајно забрането да се занимаваат со каква била работа во која би можеле да дојдат во контакт со лице помладо од осумнаесет години, а на таткото му било одземено родителското право врз другите две малолетни ќерки.