Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, пронајден кокаин, приведени лица од Грчец и од Гевгелија

Денеска, во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А. О. (23) од с. Грчец, Скопско, и В. К. од Гевгелија.

При претрес во домот во кој престојувале во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК