17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Спречивме масовен напад на Крим, соборени шест дрона

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека армијата спречила обид за масовен напад со дронови на Крим.

Според соопштението на Министерството, соборени се шест дрона, а четири се оневозможени електронски, пренесува „РИА новости“. Во овој напад нема жртви и не е направена штета, се заклучува во соопштението.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Русија е загрижена поради можноста од украинска провокација во близина на молдавско Приднестровие, каде што Киев, според Захарова, поттикнува вакви тензии.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не верува во изјавата на советникот на шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Михаил Подољак, дека Киев не напаѓа руска територија.

„Не му веруваме“, им рече Песков на новинарите коментирајќи ја изјавата на Подољак.