Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи упати сочувство до Дендијас и до Грција: Македонија е подготвена да обезбеди помош

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод трагичната железничка несреќа, која изминатава ноќ се случи во близина на градот Лариса, Грција, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас.

Во разговорот со министерот Дендијас, Османи изрази жалење за високата загуба од над 30 патници, како и за големиот број повредени граѓани. Османи преку министерот Дендијас упати и пораки на сочувство до семејствата и роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Османи го информира својот колега дека како непосреден сосед Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да обезбеди помош во справувањето со последиците на тешката железничка несреќа онаму каде што грчките власти ќе сметаат дека е потребно.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

ДЕСК

Левица: Во воени зони има постабилно снабдување со струја отколку во Македонија – студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

ДЕСК

Левица: Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

ДЕСК