6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британско разузнавање: Во Мариупол се случија 14 необјаснети експлозии

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија најверојатно ќе биде загрижена поради случувањето на 14 необјаснети експлозии околу окупираниот град Мариупол.

Од минатиот вторник биле пријавени најмалку 14 експлозии.

Се наведува дека местата на инцидентите вклучуваат две складишта за гориво што Русија ги користи како воена база.

„Русија веројатно ќе биде загрижена бидејќи необјаснетите експлозии се случуваат во област за која веројатно се процени дека е надвор од опсегот на рутински украински напади“, се додава.

Пристанишниот град на Црното Море се наоѓа на 80 километри од бојното поле, а Русија го освои минатиот мај по повеќемесечни борби.

Опсадата заврши кога се предадоа последните украински бранители, скриени во железарницата Азовстал. Мариупол е најголемиот град кој Москва го освои во 2022 година и сè уште го контролира.

Спонзорирано: