14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг во интервју за годишнината од војната: Што направија сојузниците?

Во пресрет на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг зборуваше за Си-Ен-Ен.

Во разговорот со Попи Харлоу, Столтенберг анализирал бројни аспекти на војната, како и односот меѓу Русија и НАТО, но и Западот и Украина.

Столтенберг не одговори јасно дали очекува да испрати борбени авиони во Украина, но изјави што направиле досега сојузниците за да испратат доволно воена помош за Украина од почетокот на војната минатата година.