17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди околината на Салта, главниот град на истоимената аргентинска провинција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 202 километра.

Како што соопшти EMSC, епицентарот на земјотресот е на оддалеченост од 152 километра северозападно од градот Сан Салвадор де Жужуи и 52 километра југозападно од градот Сан Антонио де лос Кобрес.

Земјотресот се случил нешто по 10 часот по локално време, соопшти EMSC.