21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Љубе Бошкоски му одговори на Груевски: Тој е човечка кукавица, јас машки издржав

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, му одговори на експремиерот Никола Груевски, кој на „Фејсбук излезе со коментар за ослободителната пресуда.

Бошкоски во објавата вели дека Груевски е човечка кукавица, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, а го остави најсветото.

„Јас, за разлика од бегалецот, исправен пред правдата, ги издржав невин единаесетте години за моето семејство, кое ми е најсвето и за мојата највозвишена цел – Македонија. Ќе ја прашам будимпештанската кукавица и бегалец: „Од која позиција во разговорите со министерот за надворешни работи и со братучед му, еден од најпознатите балкански и европски криминалци, договараат буквална промена на името Македонија. Па зборуваат… па прашува кукавицата од Будимпешта: Дали сакате, што мислите вие, дали да биде горна, северна, јужна Република Македонија (Скопје)… повторувам, зборувам за кукавицата од позиција на премиер“, рече Бошкоски.

Додава дека тој, за разлика од Груевски, машки докажал дека е невин.

Претходно, Груевски на „Фејсбук“ иронично напиша дека со пресудата на Бошкоски дополнително и значајно „ќе порасне довербата во македонското судство како целосно независно и неконтролирано од власта“.

Спонзорирано: