6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(ФОТО) ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ: Сириец чие тело било извлечено од урнатините по земјотресот и бил прогласен за мртов, оживеал на сопствениот погреб

По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, десетици илјади луѓе загинаа, а многу други беа живи закопани под урнатините.

Но, една приказна од Сирија по разорниот земјотрес ги остави сите во неверување.

Наводно, човек по име Ахмед ал-Магриби, жител на Сирија, бил во градот Атариб, Сирија во моментот кога земјотресот го погодил градот.

– Беше мртов и неговото тело остана под урнатините, но по два дена оживеал. Неговото тело било извлечено од урнатините, а лекарите го чувале два дена во замрзнувач за неговото семејство да може да го идентификува. При идентификацијата било утврдено дека се работи за Ахмед – пренесуваат медиумите.

Семејството го однело телото на гробиштата за да го погребаат, но таму одеднаш срцето наводно почнало да чука и телото почнало да се движи.

Членовите на семејството биле шокирани кога ја виделе оваа глетка и Ахмед бил повторно примен во болница.

Докторите исто така биле шокирани кога ја виделе состојбата на Ахмед.

Според Дејли Стар, тие рекле дека Ахмед е еден од ретките чие срце застанало и почнало повторно да чука.

Во разорните земјотреси во Турција и Сирија загинаа околу 50.000 луѓе, а повеќе од милион луѓе беа повредени.

На 6 февруари 2023 година во овие две земји се случи земјотрес со јачина од 7,8 степени.

Набргу потоа, земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди истата област, предизвикувајќи дополнителни штети.

Спонзорирано: