6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: Уште една провокација од САД

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека препораката на американскиот Стејт департмент до Американците да ја напуштат Русија поради настаните во Украина е провокација.

„ Уште една американска провокација во врска со соопштението на Стејт департментот упатено до американските граѓани да се воздржат од патување во Русија и Белорусија и обратно – да ги напуштат тие земји доколку се таму. Сите тие закани за ризикот од апсење, за ризикот да бидат изложени на вознемирување, малтретирање, изнуда или притворање и дека постои можност властите да не ја информираат американската амбасада за тоа, се типични за дискриминаторскиот третман на кој се изложени руските граѓани во САД“, изјави Захарова.

Претходно, американската амбасада во Русија ги повика своите граѓани, но и лицата со двојно државјанство, да се воздржат од патување во Русија поради „непредвидените последици“ од конфликтот во Украина, а оние кои се во Русија веднаш да ја напуштат земјата. Според амбасадата, во Русија тие можат „да им забранат пристап до американската конзуларна помош, да ги мобилизираат, да ги спречат да ја напуштат Русија и/или да ги регрутираат за воена служба“.

Спонзорирано: