3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Малиот Осман спасен по 260 часа поминати под урнатините

Дванаесетгодишно момче беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, 260 часа по разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужните провинции на Турција.

Екипите за пребарување и спасување под урнатините на зградата во населбата Екинци го извлекоа странскиот државјанин Осман Халебија.

Момчето било извлечено живо од урнатините по цели 260 часа, односно речиси единаесет дена по разорниот земјотрес.

„Слушањето на неговиот глас ги развесели сите. Тоа беше извор на надеж за нас“, рече член на спсувачката екипа во изјава за медиумите.

По спасувачката акција, повреденото момче со возило на Брза помош било пренесено во болница, пишува агенцијата „Анадолија“.

Спасувачките тимови веќе 11 дена работат на потрага и спасување на човечки животи под урнатините.

Спонзорирано: