8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Рускиот народ го поддржува надворешнополитичкиот курс на Путин

Народот ја поддржува надворешната политика на Русија, која е од стратешка природа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„ Сакам уште еднаш да истакнам дека надворешнополитичкиот курс одобрен од претседателот (на Русија Владимир Путин) е од стратешки карактер и најважно е што ужива поддршка низ целата земја, што на нашите чекори на меѓународната сцена им ја дава потребната цврстина, предвидливост и стабилност – рече Лавров во обраќањето пред пратениците на руската Државна дума.

Шефот на руската дипломатија нагласи дека ќе бидат исполнети сите задачи што Путин им ги дал на дипломатите. Тој изјави дека работата ќе продолжи со користење на сите современи форми на дипломатска активност, вклучително и парламентарна, административна, научна, културна и спортска дипломатија, пренесе ТАСС.

„ Во услови на тотална хибридна војна против нас во сите овие правци, неопходно е ова обединување на напорите, како и секојдневна координација на нашите конкретни иницијативи и практични акции – додаде Лавров.