18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

20 лица загинаа во судир меѓу туристички автобус и комбе во Јужна Африка

Јужноафриканските власти соопштија дека најмалку 20 луѓе загинале, а 68 се повредени во судир на туристички автобус и комбе што превезувало пари.

Судирот се случил синоќа околу 20 часот на автопатот Н1 во областа Махадо во Лимпопо.

По несреќата автобусот се превртел и паднал во реката. Службите за итна помош и противпожарната служба набрзо пристигнале на местото на настанот.

Три лица се пронајдени мртви покрај патот, а уште 16 мртви покрај реката. Едно лице починало при транспорт во болница.

Повеќето од загинатите кои беа пронајдени покрај реката останаа заробени под автобусот. Причината за несреќата се уште не е позната.

Службите за итни случаи соопштија дека пред инцидентот во областа врнело силен дожд.

Спонзорирано: