20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов земјотрес во Турција

Нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот се случил на оддалеченост од 38 километри источно од градот Османлија.

Бројот на загинати во Турција и Сирија, во разорниот земјотрес пред седум дена, се искачи на 37.357, соопштија денеска официјални лица.

Турција на 6 февруари беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Повеќе од 35.000 луѓе ги загубија животите во земјотресот во Турција и соседна Сирија.