15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Спасувачите сведочеле на чудо 137 часа по земјотресот: „Не плаши се, твоите браќа дојдоа да те спасат“

Помина една недела откако разорните земјотреси ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија, а по 137 часа спасувачите пронајдоа жива девојка по име Икранур под урнатините во Газиантеп, а сцената што ја сними камерата во турскиот град Газиантеп го трогна целиот свет.

Имено, член на тимот на рудари за јаглен во живо го пренесувал извлекувањето на девојчето, кое поминало 137 часа под урнатините, по што успешно било спасено.

„Не плаши се, Икранур, не плаши се, твоите рударски браќа дојдоа да те спасат. Во 137. час бевме сведоци на чудо во Газиантеп Нурдаги“, се наведува во видеото.

На социјалните мрежи постојано се појавуваат видеа од спасување, на кои никој не останува рамнодушен, а од час во час пронаоѓањето на преживеани станува се потешко и поневеројатно, па може да се каже дека во наредните часови, а особено денови, кога ќе се најде преживеан ќе биде вистинско чудо, пишуваат медиумите.

Според некои меѓународни стандарди, седум дена по земјотресот, спасувачите обично престануваат да бараат преживеани и да работат со тешка механизација, која започнува со расчистување на теренот, но спасувачите во Турција продолжуваат неуморно да бараат преживеани.

Бројот на загинати во двете земји денеска надмина 36.000, а десетици илјади преживеани се повредени или без покрив над главата, додека снимките од спасувањата стануваат се поретки и поневеројатни од час во час.

Спонзорирано: