16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер го погоди источниот дел од Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција. Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од Малатија, на длабочина од два километри.

Информациите за нов силен земјотрес што ја погоди Турција беа објавени од независна научна организација и обезбедувач на информации за земјотреси во реално време.

Засега нема информации дали овој земјотрес предизвикал нови штети во Турција

Да потсетиме дека два разорни земјотреси во понеделникот погодија делови од Турција и Сирија. Главниот земјотрес беше проследен со десетици последователни потреси.

Според последните информации, повеќе од 21.000 луѓе загинале, а се очекува бројката да продолжи да расте.

Првично јужниот дел на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и беше почувствуван во повеќе земји во регионот, а покрај жителите во Турција, најмногу настрада соседна Сирија.