24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the first day of meetings of NATO Defence Ministers
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг: Она што се случува денес во Европа, утре може да се случи во Азија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека постојат предуслови за избувнување на конфликт во Азија врз основа на украинскиот модел, обвинувајќи ја Кина за милитаризација и зближување со Русија.

„Она што се случува денес во Европа, утре може да се случи во Азија“, рече Столтенберг во Вашингтон на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Спутник.

Според него, во Пекинг внимателно го следат развојот на ситуацијата во Украина и учат лекции кои можат да влијаат на нивните одлуки во иднина.

Столтенберг додаде дека сојузниците во НАТО се „реално загрижени“ за она што се случува во азискиот регион, за што се разговараше на денешната средба во Вашингтон.

„Кина значително ги зголемува своите воени сили, вклучително и нуклеарните сили, без никаква транспарентност. Се обидува да го контролира Јужното Кинеско Море, му се заканува на Тајван, се обидува да ја преземе контролата врз критичната инфраструктура, вклучително и во земјите на НАТО, го потиснува нејзиното население и ги гази човековите права“ рече Столтенберг.

Тој посочи и дека Кина постојано ги продлабочува односите со Русија, што особено го загрижува НАТО.