17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чиле: Најмалку 24 лица загинаа во шумски пожар

Најмалку 24 лица загинаа, а околу 2.180 се повредени во големиот шумски пожар во југоцентрално Чиле, кој во текот на ноќта се прошири на нови области, изгорејќи ги живеалиштата на загрозените шумски животни.

Чилеанската национална шумарска асоцијација (CONAF) во средата објави дека областа погодена од пожарите сега се прошири на повеќе од 300.000 хектари.

Властите соопштија дека се уништени 1.180 куќи во регионите Биобио, Арауканија и Нубл.

Министерката за внатрешни работи, Каролина Тоха синоќа изјави дека владата ќе прогласи полициски час во некои провинции почнувајќи од денеска.