11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски денеска во посета на Велика Британија, ќе се сретне со премиерот Сунак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Велика Британија и ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на британскиот премиер.

Според информациите, Зеленки ќе ги посети украинските војници, кои се на обука во Британија, и ќе се обрати пред британскиот Парламент.

Агенцијата наведува дека канцеларијата на Сунак ги објавила плановите за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе се обучуваат борбени пилоти и маринци, како и ќе се забрза снабдувањето со опрема на украинската војска.