22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Нов земјотрес во Турција со јачина од 4,9 степени

Утринава, во 8.48 часот е регистриран афтершок-земјотрес со јачина од 4,9 степени во Турција.

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 26 километри оддалечен од градот Гоксун, каде што живеат околу 34.200 жители.

Турција во понеделникот ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, а подоцна во текот на денот и со јачина од 7,5 степени.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, а бројот на загинати по разорните земјотреси по должинта на границата меѓу Турција и Сирија надмина 8.700.

Екстремните зимски временски услови влијаат на спасувачките напори. Потенцијална опасност се и последователните потреси – најмалку 125 со магнитуда од 4,0 или повеќе ја погодија областа од понеделникот.

Иако нивната фреквенција и јачина се намалуваат, сепак можни се последователни потреси од 5,0 до 6,0+ и носат ризик од дополнителна штета на ранливите структури и постојана закана за спасувачките тимови и преживеаните.