23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Трката за субвенции со САД би била погрешен пат за ЕУ

Трката за субвенции со САД би била погрешен начин ЕУ да одговори на американскиот Закон за намалување на инфлацијата, изјави денеска германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Во своето обраќање во Бундестагот пред самитот на ЕУ, кој почнува в четврток, Шолц рече дека Унијата сака да ги продлабочи економските односи со САД.

Шолц посочи дека тековните разговори САД – ЕУ за Законот за намалување на инфлацијата имаат добра почетна точка доколку Америка се откаже од правилата што ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со, на пример, компаниите од Канада и Мексико

Спонзорирано: