7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Жена во САД прогласена за мртва: гробарите сфатиле дека дише

82-годишна жена во саботата наутро била прогласена за мртва во дом за стари лица во Њујорк, по што нејзиното тело било однесено во погребално претпријатие.

Меѓутоа, три часа подоцна, вработените во погребалното претпријатие сфатиле дека 82-годишната жена е жива, пишува Гардијан.

Локалните полициски претставници велат дека ова е втор пат за околу еден месец да се случи вакво нешто во САД.

Жената, чие име не е објавено, била однесена во Дејвис погребните домови во Милер Плејс во Њујорк околу 13:30 часот.

Од полицијата велат дека околу 14 часот и 10 минути жената била пронајдена како дише и била пренесена во болница, но нема информации за нејзината состојба.

Прераното прогласување смрт се случило пред неколку дена во Ајова, поради што здравствената установа во која била жената е казнета со 10.000 долари.

Властите во Ајова соопштија дека 66-годишната жена била прогласена за мртва на 3 јануари во Центарот за нега на Алцхајмерова болест Глен Оукс во Урбандејл, Ајова, каде што била на нега.

Ја ставиле жената во торба за тело и ја однеле во погребално со крематориум. Вработените и членовите на погребниот дом потоа ја отвориле торбата со телото и ја нашле жената жива и како дишела за воздух, објави Њујорк Тајмс.

Персоналот се јавил на 911 и жената била вратена во болница, каде што починала на 5 јануари, според извештајот. Полицијата соопшти дека случајот во Њујорк е проследен до канцеларијата на државниот јавен обвинител за истрага.