11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
ТЕМАСВЕТ

Земјотресот урна цела болница на југот на Турција, лекари и пациенти под урнатините

Страшен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја опустоши јужна Турција и соседните Либан и Сирија.

Над 300 лица загинаа, додека според официјалните податоци најмалку 2.000 луѓе се повредени.

Многу згради беа урнати, илјадници граѓани останаа без покрив над главата. Голем број луѓе се затрупани во урнатините и спасувачите се обидуваат да дојдат до нив.

Според првите проценки, околу 130 згради се урнати на југот на Турција, а во Шанлируфа, на југот на Турција, во земјотресот се урна целата болница и под урнатините ги затрупа болните, лекарите и медицинскиот персонал.

Спасувачите се на терен, а им помогнала и механизација, како и граѓани кои се обидуваат да ги пронајдат живите и повредените.