Серијата разорни земјотреси што денеска ја погодија Турција не претставуваат закана за нуклеарните капацитети во земјата, вклучително и нуклеарната централа Акују, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Досега нема влијание на земјотресот врз нуклеарната безбедност во Турција. Турското нуклеарно регулаторно тело ја информираше МААЕ дека во моментов нема прашања што претставуваат закана за радиолошката безбедност“, објави МААЕ на Твитер.