10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Vlada.rs
СВЕТ

Брнабиќ за пристигнувањето на Лајчак: „Се зголемува притисокот врз Белград“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по повод посетата на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на Приштина и Белград оцени дека дипломатските активности се забрзуваат, дека притисокот се засилува и додаде дека верува во гаранциите на меѓународната заедниц во врска со формирањето на Заедницата на српските општини .

Таа за „РТС“ изјави дека Лајачак прво ќе оди во Приштина и потсети дека ЗСО е договорено и преговарано пред десет години како дел од Бриселскиот договор, во 2013 и 2015 година и нагласи дека верува во гаранциите на меѓународната заедница дека ќе се формира.

Објасни дека верува во гаранциите на меѓународната заедница бидејќи, како што рече, не знае како би гарантирале некој друг договор доколку тој не се исполни.

„Нема да биде лесно“, рече Брнабиќ, додавајќи дека очекува манипулации и обиди за промена на договорот „од пријателите на Приштина“.

Спонзорирано: