18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

(Видео) Градови срамнети со земја, очајни луѓе, згради во урнатини по земјотресот во Турција

Земјотресот кој рано утринава околу три часот по локално време, го погоди југот на Турција, зад себе остави пустош, загинати, повредени и голем број на лица кои останаа затрупани под куп урнатини и бетон, јавуваат светските медиуми.

Епицентарот, како што е соопштено, се случил на 3 километри од градот Газиантепе на длабочина од 10 километри. Првиот земјотрес беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а следниот еден час подоцна беше со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Првичните податоци покажуваат дека само на југот на Турција се уништени или урнати 130 згради.

Во некои градови, според објавеното, урнати и срамнети со земја се цели згради.

Според информациите од тамошните медиуми, пожарникарите и спасувачите не можат да стигнат на секое место бидејќи се урнати голем број згради и објекти. Се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Кахраманмарас е град кој претрпе исто така страшни разурнувања во двата силни земјотреси на југот на Турција.

Турските власти упатија официјален апел до светската јавност дека на земјата и е потребна сета помош, пред сè од медицински лица и спасувачи, за да им се помогне на настраданите на југот на Турција и да се зголемат шансите повредените и преживеаните да бидат спасени од купот бетон.

Спонзорирано: