27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно невреме ја зафати Хрватска: Разорен ветер урна објекти, а има и еден загинат

Невремето што викендов беснее во Хрватска ја однесе првата жртва. Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за денеска објави црвен метео аларм за Велебитскиот канал и јужна Далмација поради силно, повремено бурно невреме.

Во реката Дунав кај Вуковар е пронајдено безживотно тело на маж, по што претходно беше организирана потрага, соопшти денеска хрватската полиција.

Порталот Индекс претходно објави дека маж се обидел да спаси чамец од големо невреме и силен ветер што ја погоди Хрватска. Според информациите, човекот со автомобил стигнал до Дунав, а неговото тело било пронајдено на 200 метри од местото каде што наводно паднал во реката.

„ Ветерот ја крена целата конструкција, внатре имаше машини, трактор, останаа само темелите. Шупата излета седум метри до другиот дел од шталата со 200 овци и 100 јагниња. Фала богу, никој не беше повреден“, изјави за хрватскиот портал 24.sata.hr, жител на Плашник кај Гарешница во Хрватска, за последиците од невремето што во саботата ја зафати Хрватска.

Издадено е и портокалово предупредување за подрачјето на Риека, Сплит и Дубровник, западниот брег на Истра и Кварнер поради силно и многу силно невреме, пренесува Индекс.

Бидете свесни за опасноста и внимавајте на најновите временски извештаи, соопшти ДХМЗ. Се предупредува и на можни прекини во сообраќајот и прекин на снабдувањето со електрична енергија.