20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Захарова: ЕУ тоне во рецесија, а Украина ја влече надолу

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забавувањето на западните санкции против Русија во објава на нејзиниот канал Телеграм.

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека „темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се прилагодува на ограничувањата“. Потоа таа додаде: „Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното“.

Да потсетиме, Блумберг вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина.

Еуростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто домашниот производ пораснал за 0,1%, иако економистите проценија пад од 0,1%,пренесе Индекс.хр.