Centar.mk
БИЗНИС

Трансформаторот, кој беше испратен на поправка во Србија, стаса во РЕК „Битола“

Во РЕК „Битола“ пристигна трансформаторот што беше испратен на поправка во Србија по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, информираат од оваа институција.

Појаснуваат дека постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат, како што велат, во своето четириесетгодишно постоење РЕК „Битола“ да има резервен трансформатор, кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.

„Трансформаторот на Блокот 3 на РЕК ‘Битола’ беше оштетен во пожар, кој избувна поради зголемен напон што дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК ‘Битола’, МЕПСО и експерти од електротехничките факултети во земјата, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката ‘Комел’ во Србија. Во моментот Блокот 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари“, се истакнува во официјалната информација од РЕК „Битола“.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +