5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Познат новинар обвинет за педофилија

Наградуваниот новинар Џејмс Гордон Мик, кој ненадејно поднесе оставка, е обвинет за детска порнографија, соопштија федералните власти, пишува Nypost.

Агентите на ФБИ рекоа дека пронашле грозоморни слики и текстови што ги споделувал Мек преку апликации и му заплениле еден од Ајфоните кога го пребарале домот.

Мик наводно го користел корисничкото име „Павни4“ и ја користел таа сметка за испраќање садистички пораки до други корисници, напишала во изјавата специјалниот агент на ФБИ Тоња Стургил Грифит.

– Дали некогаш си силувал девојка? Тоа е неверојатно – напиша „Павни4“ во една од пораките.

Другите уреди запленети од неговиот дом покажаа слични комуникации и десетици слики од детска порнографија, се вели во извештајот.

Веста за федералната истрага и обвиненијата против Мик предизвикаа многу медиумски реакции и шпекулации дека тој може да биде мета поради неговата работа како истражувачки новинар.

Неговиот адвокат не сакаше да дава изјави за медиумите.