12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борбата против поплавите во Окленд се уште продолжува: Четири лица загинаа

Во Окленд, каде четири лица ги загубија животите во поплави и лизгање на земјиштето во последните три дена, се уште е на сила вонредната состојба. Во главниот град на Нов Зеланд, за 2 дена падна речиси пет пати повеќе дожд отколку што врне во просек во текот на целиот јануари, односно повеќе отколку што врне во просек во текот на целото лето.

Додека Европа и регионот се во средината на календарската зима, на јужната хемисфера е лето. Судејќи според моменталното време, иако во Нов Зеланд е лето, временските непогоди со сета сила го погодија овој дел од светот.

Претходните денови поле со многу низок воздушен притисок го зафати Северниот остров. Најтешко е погоден градот Окленд, кој е најголемото урбано подрачје во Нов Зеланд, бидејќи во неговата поширока област живеат над еден и пол милион луѓе.

По десет дена летно време со температури околу 25 степени, Северниот остров го зафатија катастрофални дождови во вид на многу силни врнежи и грмотевици. Над 330 милиметри дожд на квадратен метар паднаа во Окленд во текот на два дена. Со оглед на тоа дека просекот за цел јануари е околу 70 милиметри, гледаме дека за два дена наврнало речиси пет пати повеќе од просечно во текот на цел јануари.

Спонзорирано: