10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Кинеска провинција дозволи невенчаните парови легално да имаат деца

Здравствените власти во кинеската југозападна провинција Сечуан ќе им дозволат на невенчаните парови да се регистрираат за да основаат семејство и да уживаат во бенефициите што претходно биле резервирани само за брачни парови.

Тоа е обид на локалните власти да го поттикнат растот на наталитетот.

Државниот регистерски систем за парови обезбедува породилно осигурување, кое ги покрива медицинските трошоци и им овозможува на жените да ја задржат платата за време на породилното отсуство. Овие бенефиции сега ќе се прошират на немажените жени и мажи во Сечуан, каде што постарите од 60 години сочинуваат 21 процент од населението, според податоците на владината агенција.

Мерката има цел „да го промовира долгорочниот и рамномерен развој на населението“, се вели во соопштението на здравствената комисија.

Од 15 февруари на брачните двојки и на сите поединци што сакаат да имаат деца ќе им биде дозволено да се регистрираат во владата во петтата најнаселена провинција во Кина, без ограничување на бројот на деца за кои може да аплицираат.

Комисијата до сега дозволуваше само брачни парови што сакаат да имаат до две деца да се пријават кај локалните власти.

Населението на Кина се намали минатата година првпат по шест децении, а се очекува дека бројот на луѓе во Кина дополнително ќе се намали во следните децении. Голем дел од демографскиот пад на Кина произлегува од нејзината политика за едно дете, наметната помеѓу 1980 и 2015 година.

Спонзорирано: