5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Србија и нејзините интереси мора да бидат пред партиските

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео во кое вели дека ништо не крие од народот и дека има намера да се бори за земјата.

„На сите политички актери им понудив разговор, консултации, да ги запознам со притисоците и со сето она со кое се соочува Србија. Тие рекоа дека не сакаат да разговараат, барем добар дел од нив, туку сакаат јавна демонстрација и настап“, вели тој и додава:

„Државата Србија и нејзините интереси секогаш мора да бидат пред партиските и индивидуалните интереси. Само заедно и обединети можеме да се бориме за подобра иднина на нашата земја“, рече тој.