13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По враќањето во Бразил, Болсонаро пак ќе оди на операција

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро ќе биде опериран кога ќе се врати во земјата од САД, изјави денеска неговиот лекар Антонио Маседо.

Тој за Ројтерс изјави дека очекува операцијата да биде извршена во февруари, иако Болсонаро се уште не објавил кога ќе се врати од Флорида, каде што е од крајот на минатата година.

Болсонаро веќе претрпе шест операции откако беше прободен со нож за време на изборната кампања во 2018 година, а четири од тие операции беа директно поврзани со нападот.

Спонзорирано: