20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Воен авион се урна на Филипините, две лица загинаа

Авион на филипинските воздухопловни сили се урна на фарма северозападно од Манила, при што загинаа две лица. Авионот „сф-260“ бил на тренинг-лет од аеродромот „Сангли“ во провинцијата Кавит јужно од Манила кога се урнал во оризово поле во провинцијата Батаан, изјави портпаролката на воздухопловните сили, полковник Марија Консуело Кастиљо.

Воздухопловните сили соопштија дека привремено ја приземјиле својата флота од тренерски авиони „сф-260 ТП“. Авионот, кој беше во служба на Филипините од 70-тите, служеше и како лесен борбен авион, вклучително и за време на неколкумесечни воздушни напади врз јужниот град Марави кога беше преземен од милитантите лојални на Исламската држава во 2017 година.

Полицискиот истражител Едгардо Делос Сантос телефонски изјави за „Асошиетед прес“ од местото на настанот дека телата на двајца мажи биле извлечени од урнатините. Воздухопловните сили приземјија други „сф-260“, кои се користат за обука и противбунтовнички операции, рече Кастиљо. Ќе се спроведе истрага за утврдување на причините за несреќата.