Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

(Видео) Моментот кога Зеленски дозна дека Украина ги добива тенковите Леопард

Претседателот на Украина дозна за одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина за време на интервјуто за британскиот „Скај њуз“.

„Многу сум среќен. Сакам да им се заблагодарам на Германија, Британија и САД за оваа одлука“, рече Зеленски кога соработник зад камерите ја потврди информацијата за одлуката на Германија.

„Многу сум благодарен на светот за поддршката на Украина. Да бидам искрен, сега бројот на тенкови и времето на испорака во Украина се критични“, додаде тој.