17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓач во Грузија уби пет лица, па се самоуби

Неидентификуван грузиски државјанин уби пет лица, меѓу кои и еден полицаец, кога отвори оган од балкон на станбена зграда, а потоа се самоуби, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Сè уште не е познат мотивот за пукањето во градот Сагарехо, источно од главниот град Тбилиси.

„На местото на инцидентот има дополнителни полициски екипи, како и специјална единица на МВР, а по нивното пристигнување, пријавениот наводно извршил самоубиство со огнено оружје“, соопштуваат од Министерството.