5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден опуштен поради аферата „Корвета“, вели дека не се кае

Американскиот претседател Џо Бајден е во центарот на идентична афера во која се најде неговиот претходник Доналд Трамп.

Кај Бајден се пронајдени и доверливи документи.

Претседателот Џо Бајден изјави во четвртокот дека не жали поради проблематичното ракување со доверливите документи што беа откриени во неговиот дом и поранешна канцеларија во Вашингтон.

Тој го кажа ова за време на турнејата низ Калифорнија за процена на штетите предизвикани од серијата снежни бури, а по говорот, не можеше да избегне да биде прашан од новинарите за аферата што ја тресе цела Америка.

„Знаете, она што искрено ме мачи е што имаме сериозен проблем за кој зборуваме овде. Зборуваме за тоа што се случува, а луѓето навистина не разбираат зошто не ми поставувате прашања за тоа“, рече Бајден мислејќи на штетата.

„Откривме дека неколку документи се поднесени на погрешно место. Веднаш ги предадовме во Архивот и во Министерството за правда. Целосно соработуваме и со нетрпение очекуваме бргу да го решиме ова прашање. Мислам дека нема да најдат ништо таму. Не се каам. Следам што ми кажаа адвокатите. Токму тоа го правиме“, рече Бајден.

Белата куќа соопшти дека адвокатите на Бајден откриле доверливи документи и официјални записи во четири прилики – на 2 ноември во канцелариите на Центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон, како и во гаражата на претседателот во Вилмингтон и на 11 и 12 ноември во канцеларијата на претседателот.

Бајден претходно го критикува својот претходник дека има толку чувствителни досиеја.

„Кога видовте фотографија од строго доверливи документи поставени на подот во Мар-а-Лаго, што си помисливте гледајќи ја таа слика?“, го праша новинарот.

„Како можеше да се случи тоа, како може некој да биде толку неодговорен. И помислив кои податоци се таму што може да ги компромитираат изворите и методите. Тука мислам на имињата на луѓето. Тоа е целосно неодговорно“, рече Бајден.