17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Свештеник жив запален во Нигерија

Непознати напаѓачи ја запалиле резиденцијата на католички свештеник во северозападна Нигерија. Еден свештеник изгорел, а друг бил застрелан кога се обидел да избега.

Застреланиот свештеник преживеал и е пренесен во болница, изјави портпаролот на полицијата.

Поради овој напад, нарушена е довербата во безбедносните власти на Нигерија, најнаселената африканска земја, каде што треба да се одржат претседателските избори. Но, муслиманскиот север на Нигерија е полн со џихадисти, кои 14 години се борат да воспостават калифат. Во северна Нигерија неодамна се случија киднапирања за откуп и убиства од вооружени банди.

Поради тоа, постои страв дека претседателските избори закажани за 25 февруари може да не се одржат во некои делови од земјата.

Минатиот јуни вооружени напаѓачи нападнаа католичка црква во југозападна Нигерија за време на неделната миса убивајќи десетици верници.