11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламистичките милитанти киднапираа 50-ина жени во Буркина Фасо

Исламските милитанти киднапираа 50-ина жени во северната провинција Соум во Буркина Фасо на 12 и 13 јануари, соопшти локалната власт.

Вооружени мажи ги киднапирале жените додека береле диви плодови во близина на селото Лики, околу 15 километри од градот Арибинда, и во друга област западно од градот.

„Потрагата почна со цел безбедно да се пронајдат сите овие невини жртви“, се вели во владиното соопштение.

Буркина Фасо се бори со насилен бунт поврзан со исламистичките мрежи Ал каеда и Исламската држава, што се прошири од соседното Мали во 2015 година и покрај скапите меѓународни воени напори да го задушат.

Илјадници се убиени, а повеќе од 2,7 милиона луѓе се раселени низ Сахел, каде што несигурноста влијаеше на земјоделството и придонесе за зголемување на стапките на глад, според Обединетите нации.

Спонзорирано: